Од ЕИБ 130 милиони евра за Демир Капија – Смоквица

Bez autora
Feb 03 2011

Европската инвестициска банка, ЕИБ, и' одобри 130 милиони евра на Македонија за изградба на патниот правец Демир Капија – Смоквица, дел од автопатот на Коридор 10. Делницата долга 28 километри е последниот дел што преостана за комплетирање на автопатот од Коридорот север - југ, кој ја поврзува Македонија со западноевропските земји и со Грција. Моментално е во тек проширувањето на делницата Табановце - Куманово, со должина од 11 километри, која се гради со буџетски пари. Вредноста на целиот проект за реализација на потегот Демир Капија – Смоквица изнесува околу 245 милиони евра, информираат од Министерството за финансии. Покрај ЕИБ, во финансирањето ќе учествуваат и Европската унија со грант од 45 милиони евра преку ИПА-програмата и Европската банка за обнова и развој со заем од 107 милиони евра, од кои 90 милиони евра се наменети за изградба на автопатот, а остатокот за модернизација на системот за наплата на патарина и наплатните станици во должина на автопатот на Коридорот 10.

Од ЕИБ 130 милиони евра за Демир Капија – СмоквицаЕвропската инвестициска банка, ЕИБ, и' одобри 130 милиони евра на Македонија за изградба на патниот правец Демир Капија – Смоквица, дел од автопатот на Коридор 10.

Делницата долга 28 километри е последниот дел што преостана за комплетирање на автопатот од Коридорот север - југ, кој ја поврзува Македонија со западноевропските земји и со Грција. Моментално е во тек проширувањето на делницата Табановце - Куманово, со должина од 11 километри, која се гради со буџетски пари.

Вредноста на целиот проект за реализација на потегот Демир Капија – Смоквица изнесува околу 245 милиони евра, информираат од Министерството за финансии. Покрај ЕИБ, во финансирањето ќе учествуваат и Европската унија со грант од 45 милиони евра преку ИПА-програмата и Европската банка за обнова и развој со заем од 107 милиони евра, од кои 90 милиони евра се наменети за изградба на автопатот, а остатокот за модернизација на системот за наплата на патарина и наплатните станици во должина на автопатот на Коридорот 10. Од буџетот ќе се одвојат околу 6 милиони за комплетирање на проектот.

Според проектот, на Коридорот 10 ќе се изгради модерна делница во согласност со европските стандарди. Таа ќе придонесе за намалување на патните трошоци, како и за заштеда на време, преку олеснување на протокот на возила. Со доизградбата на оваа алка во должина ќе се обезбеди поврзување на главните урбани, индустриски и трговски центри покрај Коридорот во рамките на регионот и пошироко во Европа, што ќе влијае на зголемување на транзитот на возила низ земјава и на трговската размена. Кредитот е одобрен со каматна стапка, која сега изнесува 1,3 отсто, со рок на отплата од 15 години со вклучени пет години грејс-период.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik